Македонија
Албанската полиција спречила шверц на „калашникови“ и фалсификувани документи кои требало да завршат на македонска територија

Албанската полиција ја финализираше полициската акција со кодно име „Организатор“, во која се уапсени три лица под обвинение за трговија со оружје и фалсификување документи, кои требало да завршат на македонска територија.
- При претрес во патничко моторно возило беа пронајдени три парчиња огнено оружје „калашников“, 3.320 боева муниција, како и гранати, за кои истрагите покажуваат дека биле наменети за шверц во Северна Македонија. Во домот на едниот од нив се пронајдени и одземени 20 фалсификувани документи, албански, бугарски и македонски, пасоши, лични карти, дозволи за престој и потврди за вештини, како и опрема што се користела за оваа криминална активност, стои во полициското соопштение
Уапсени се лицата Дмитер Пеќини (59) од Елбасан, кој бил главен организатор, Елбан Цонику (52), од Грамш и Артан Лила (47) од Елбасан, кои ќе одговараат за трговија со оружје и фалсификување документи.
Полициската акција била финализирана по четиримесечна истрага, користејќи специјални методи од страна на припадници на секторот за истраги за економски криминал и оние од Одделението за истраги за недозволена трговија при локалната полициска управа Елбасан.
Продолжуваат истрагите, под раководство на Обвинителството во Елбасан и во соработката со македонските надлежни органи, за откривање и доведување на кривична одговорност и на други граѓани инволвирани во овие криминални активности.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош