Гостиарски
Александар Јончевски, тренер на КК Гостивар
Оставивме уште една година од животот зад нас, а пред нас се нови 365 дена. Поканивме неколку личности од Гостивар да ни кажат по што ќе ја паметат и каква им била 2021-ва и што очекуваат и посакуваат во Новата Година?

2021 година ќе ја паметам како голем професионален предизвик со промена на клубот и доаѓањето во КК Гостивар. Веднаш во првите две кола ги победивме двата најголеми клуба во земјава МЗТ Скопје и Работнички и тоа ми даде чувство дека токму Гостивар е клубот со кој заедно ќе имаме големи успеси.
Иако сезоната е долга и дури сега сме едвај на половина од регуларниот дел, посакувам наредната 2022 да биде година во која најпрво ќе заборавиме на здравствената епидемија и целата енергија ќе можеме да ја насочиме кон позитивни работи како на професионален така и на приватен план, а тогаш успехот ќе биде неминовен.
Среќни празници!
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022