Музика
Александар Тодороски победник на Макфест 2021

Александар Тодороски е победникот на 36 то издание на Фестивалот на музика „Макфест 2021“. „Под исто небо“ беше песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. Тодороски во финалната вечер влезе по дебитантскиот настап на првата полуфинална вечер, кога освои најголем број на гласови од публиката.
„Не ми се верува. Им благодарам на сите, со огромна почит кон фестивалот. Соништата се остваруваат“, рече Тодороски на сцената по врачувањето на првата награда.
Второто место му припадна на Мартинијан Кириловски, а третата награда отиде кај младата штипјанка Марија Данева. Фестивалот и годинава се одржа на отворено, поради здравствените протоколи во „АкваБела ресортот“ или за штипјани стариот Градски базен. Водители на фестивалот беа Мирослав Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ. Макфест 2021 и годинава беше финансиски помогнат од Министерството за култура и Општина Штип, кој е и организатор на фестивалот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче