Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Алергија на убод од пчела: Што треба да знаете?

Објавено

на

За повеќето луѓе убодот од пчела предизвикува само привремена болка и иритација на местото каде што е испуштено осилото. За други, убодот од пчела може да предизвика алергиска реакција која може да се манифестира со различен тип на симптоми што варираат од слаби до тешки. Во екстремни случаи, осилото од пчела може да предизвика анафилакса – состојба којашто е опасна по живот.

Според „Journal of Asthma and Allergy“, околу 5 до 7,5 отсто од луѓето ќе доживеат тешка алергиска реакција на убод од инсект во своите животи. Кај пчеларите овој ризик се зголемува до 32 отсто.

Кај многумина убодите од инсекти може да предизвикаат блага до умерена алергиска реакција во форма на локализирано црвенило и оток. За мал дел од луѓето алергиската реакција може да биде многу потешка и да бара итна медицинска помош. Фаталните реакции од убод од инсекти се поретки.

Сепак, отровот на пчелите, осите и стршените има тенденција да предизвика тешки реакции кај оние коишто се алергични. Пчелите и осите може да предизвикаат системски алергиски реакции кои се шират низ целото тело, вклучувајќи ја и кожата и респираторниот систем.

Алергиите на убод од пчела може да варираат од благи до тешки. Во помалку тешки случаи, алергиската реакција се јавува околу местото на осилото. Во потешки случаи, реакцијата влијае на другите делови од телото.

Кога пчелата каснува нејзиното осило се откинува од телото и останува во кожата. Отровот што се наоѓа во осилото се ослободува до една минута откако пчелата го забодува осилото. Пчелниот отров содржи протеини кои влијаат на клетките на кожата и имунолошкиот систем што резултираат со локализирана реакција – болка и оток на местото на каснување, дури и ако лицето не е алергично на отровот.

Кај лицата со алергија, убодот од пчела предизвикува имунолошкиот систем да произведува антитела наречени Имуноглобулин Е (IgE). Обично IgE го штитат телото од опасни материи, како што се вирусите и паразитите. Сепак, како одговор на осилото, телото произведува IgE што предизвикува имунолошки одговор, како што е осипот, отокот и проблеми со респираторниот систем.

Симптомите на алергија на пчелин отров е различен во зависност од степенот на алергија кај лицето. Едно лице може да има блага, умерена или тешка реакција по кратко време откако ќе го касне пчела.

Оттука се претпочита да се знаат симптомите поврзани со различните степени на алергиска реакција, за лицето да може да добие соодветен третман.

Лесна алергиска реакција

Поголемиот дел од симптомите на пчела се лесни и не бараат медицинска помош. Тие се ограничени на местото на каде што е испуштено осилото и вклучуваат:

  • остра болка;
  • црвенило и осип на кожата;
  • отекување на местото на каснување.

Умерена алергиска реакција

Кај лицата со умерена алергија на пчела телото дава посилен одговор на пчелниот отров наречен голема локална реакција (LLR). Во овие случаи, симптомите може да потраат една недела до целосно лекување и вклучуваат:

  • потешко црвенило околу местото на каснување;
  • оток кој може постепено да се зголемува со големина до дијаметар од 10 цм или повеќе во период од 24-48 часа.

Ако некое лице доживее голема локална реакција постои ризик од 5 до 10 отсто дека во иднина ќе развие системска реакција на убод од пчела.

Тешка алергиска реакција

Кај некои лица убодот од пчела може да предизвика анафилакса – алергиска реакција која бара итен медицински третман бидејќи е опасна по живот. Симптомите на анафилакса брзо се развиваат и вклучуваат:

  • црвен осип на кожата што предизвикува чешање;
  • отекување на грлото или јазикот;
  • потешкотии со дишењето;
  • стомачна болка;
  • гадење и повраќање;
  • вртоглавица;
  • слаб/брз пулс;
  • губење на свеста.

Третирање на алергии на убод од пчела

Третманот за алергија на пчела зависи од тежината на алергиската реакција.

Лекување на лесна до умерена реакција

По каснувањето потребно е да се отстрани осилото што е можно поскоро со помош на пинцета, внимавајќи да не се испушти отровот. Отстранувањето на осилото ќе го ограничи количеството на отров што ќе се ослободи во крвотокот.

Локализираните реакции обично бараат само домашно лекување. Користењето на ладна компресија, примена на крем и земање антихистаминици треба да помогне да се намали јадежот и воспалението. Симптомите треба да се повлечат во текот на неколку дена.

Тешките системски реакции бараат итно инјектирање на епинефрин кое ќе помогне да се намали сериозноста на алергиската реакција. Лекарите, исто така, можат да дадат кислород и интравенозни течности.

Лицата со тешка алергија на убод од пчела треба со себе секогаш да носат епинефрин. Секој кој се соочува со еден или повеќе симптоми на анафилакса треба да итно да биде пренесен во болница дури и ако примил инјекција епинефрин.

Во соработка со: Enauka.mk

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена