Вести
„Алигаторите“ од Гостивар „газат“ во Втората МФЛ – ФК Гостивар убедлив против Тетекс
Вчера се одиграа натпреварите од шестото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Запад.
Фудбалерите на Генч Калемлер продолжуваат со одличните игри, после победата над Кораб и заземањето на врвот на табелата, вчера во Скопје ја совладаа екипата на ФК Скопје со 0:1. Иако, овој натпревар беше најавуван како сериозен тест за гостиварци, „Алигаторите“ од Долна Бањица успеаа да заминат со три бодови од Скопје и тоа против екипа која минатата сезона играше во Првата лига и е меѓу главните фаворити оваа сезона во Втората МФЛ – Запад. Победата ја донесе Бурак Менга во 74-та минута, со овие три бодови Генч Калемлер се издвои на врвот со 13 бодови.
Екипата на ФК Гостивар на Градскиот стадион во Гостивар ја оправда фаворитската улога против екипата на Тетекс. Со 3:0 ги совлада гостите од Тетово, головите ги постигнаа Османи во 70, Скендери во 75 и Зеќири во 86 минута. Гостивар со 12 бодови е на второто место на табелата.
Во следното коло ФК Гостивар му гостува на Пелистер во Битола, Генч Калемлер го пречекува тимот на Влазерими 77.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди