Вести
Алијанса за Албанците: Мнозинството во Советот во Гостивар е обезбедено преку закани

Алијанса за Албанците и Движењето Беса преку соопштение се огласија за денешната седница на Советот на општина Гостивар и изборот на претседател на Советот.
„Ние советниците од коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса, чувствуваме морална обврска да ве информираме дека до вчера имавме обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на Општина Гостивар, па затоа за денес инициравме одржување на конститутивна седница. Но, вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на губитниците на изборите.
Ние советниците од редовите на Алијансата за Албанците и Движењето Беса, оценивме дека е неразумно да бидеме дел од крајно манипулираната конститутивна седница, па затоа ја напуштивме истата.“, се наведува во соопштението.
Конститутивната седница на Советот на општина Гостивар траеше повеќе часа со неколку паузи. За претседател беше избран Насир Муслиу од ДУИ. На гласањето не присуствуваа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијансата за Албанците и ДНЕТ.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!