Локални избори 2017
Алијанса за Албанците одржа централен митинг во Гостивар

На градскиот плоштад во Гостивар вечерва се одржа централниот митинг на Алијанса за Албанците за Локалните избори 2017.
„Можам да кажам дека со нас вечерва во Гостивар е целата елита, најдобрите луѓе од Гостивар и околината. Секоја работа се прави со екипа, во Министерството за здравство бев успешен затоа што имав добра екипа што застана до мене. Како кандидат за градоначалник имам добра екипа. На листата за советници се доктори, магистри сите докажани професионалци во својата област и нема дилеми дека со таа екипа ќе бидеме многу успешни. Сакам да ги поздравам и нашите иселеници кои специјално за изборите дојдоа и има уште такви кои утре ќе дојдат за да ни дадат поддршка во недела. Им ветувам дека општината секогаш ќе биде отворена за нив и ќе ги чекаме да инвестираат во својот роден крај“, рече на митингот кандидатот за градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
Свои обраќања на завршниот митинг на Алијансата во Гостивар имаа и носителот на листата Бесим Мемеди, претседателот на партијата Зијадин Села, шефот на изборниот штаб Халил Снопче.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!