Поврзи се со нас

Македонија

Алиу: Бројот на вработените во јавниот сектор изнесува 129 374 лица

Објавено

на

    Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129 374 лица. Тие својот работен ангжман го реализираат во 1 354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за осум, соопшти на денешната прес-конференцијата министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

    Тој информира дека од 1 354 институции, 60 отсто се на локално ниво, а околу 40 отсто се на централно ниво. Од нив, најмногу или 533 институции се од дејноста образование, труд и социјална политика се 125 институции, култура – 121, управа – 117, комунални работи – 113, здравство – 111, локална власт – 81, правосудство – 64, правда -14 …

    „Споредбено со Извештајот за 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 2 714 вработени. Од вкупниот број, 18 909 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција“, истакна министерот за информатичко општество и администрација во Владата.

    Посочи дека освен како бројка, за овие вработени лица во Извештајот не се прикажуваат други детали и анализи. Додаде дека тоа е поради законски и безбедносни причини.

    Во понедалникот на својот прв брифинг со медиумите од назначувањето на функцијата, Алиу најави дека приоритет во работата ќе му биде дигитализацијата на услугите која, како што оцени, е на ниско ниво.

    „Се работи интензивно за да може секој ден да ставиме по една нова дигитална услуга. Моментално работиме на 150 такви и се надевам дека набрзо ќе почнеме да ги промовираме“, рече Алиу, потенцирајќи дека една од причините зошто тие услуги не се искористени е неинформираноста на граѓаните.

    Сегашните 96 дигитални услуги се користат многу малку, а според Алиу, администрацијата не е обучена доволно за дигитализацијата.

    „Со дигитализацијата ќе ги подобриме услугите кон граѓаните и ќе ја намалиме ниската корупција со којашто денес граѓаните или треба да имаат некој познат или да се снајдат на друг начин во којшто ќе стигнат брзо и ефикасно до документот што им треба“, изјави Алиу.

    Приоритет ќе му е и интероперабилноста, со која сега се опфатени само 22 од вкупно 1135 институции на ниво на државава.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена