Поврзи се со нас

Македонија

Алтернатива одлучи, ќе биде дел од Владата и парламентарното мнозинство

Објавено

на

Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство, одлучи вечерва Цантралниот совет, највисокото тело на партијата.

Како што изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани, одлуката била донесена со мнозинство гласови во Централниот совет.

Лидерот на партијата Африм Гаши на седницата во партиското седиште во Тетово ги информирал за текот на досегашните преговори и програмските точки кои се договорени, како и за преземените обврски.

Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе Муртезани, се историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евтоинтеграција на целиот регион.

– Дополнително се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој, економски развој на Липковско, заштита на семејството како јадро на општеството што е наша основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата која е исклучително важна во ова време. Сметаме дека постигнувањето на овие договори е голема победа за нашата држава, за Албанците во Северна Македонија и пошироко, но и партиска победа на Алтернатива, истакна Муртезани.

Со влегувањето во Владата, посочи партискиот портпарол, Алтернатива докажа дека е клучот за решавање на кризата, а не само декор со четворица пратениците, и таа ќе преземе и важни одговорности.

– Ние ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата, кажа Муртезани.

Сите детали за договореното околу влегувањето на Алтернатива во Владата, утре во 13 часот во Клубот на пратениците ќе информираат лидерот на партијата Африм Гаши и премиерот Зоран Заев, кои свечено ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 7 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена