Поврзи се со нас

Гостивар

Амбасадорката на Црна Гора во посета на Гостивар – се разгледуваат можностите за поблиска соработка меѓу општините

Објавено

на

Продлабочување на соработката, разгледување на можностите за заеднички проекти, како и состојбите со ковид 19 беа теми на разговор на средбата меѓу Амбасадорката на Црна Гора Марија Петровиќ и градоначаникот на Гостивар Арбен Таравари. Амбасадорката беше гостинка во кабинетот на првиот човек на Гостивар, со дел од својот тим.

„Чест и задоволство ми  е што сум во посета на Општина Гостивар и што со градоначалникот имаме можност да ги разгледаме моделите и начините за продлабочување на натамошната соработка. Билатералните односи меѓу Црна Гора и Северна Македонија се одлични, но секако приоритет треба да ни биде унапредување на соработката на локално ниво. Токму и затоа сум тука, да разговараме кои опции постојат за идно економско, културно и севкупно поврзување на локално ниво“, изјави Амбасадорката Петровиќ.

Градоначалникот изрази надеж дека Гостивар ќе развива соработка со некоја од црногорските општини. „Ние имаме одлични релации со општини од земји во регионот, и навистина се надевам дека во иднина Гостивар ќе оствари поблиска соработка и со некоја опптина од Црна Гора“, рече Таравари.

Денешната посета беше прва официјална посета на Гостивар на црногорската Амбасадорка Петровиќ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена