Поврзи се со нас

Гостивар

Амбасадорката на САД Агелер во Гостивар: Приоритети-ЕУ, борба против корупција и економски можности

Објавено

на

Поддршка на Евроинтеграциите на земјава, борбата против корупцијата и креирањето на економски можности се приоритетите кои ги наброја Амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер при денешната посета на Гостивар. Амбасадорката учествуваше на дискусија „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“, што се одржа во Центарот за млади и заедницата.

„Бев во Северна Македонија од 2010 до 2013-та година, среќна сум што стекнав толку пријатели. Во однос на прашањето што направила земјата од тогаш до сега, најпрво сакам да ја споменам промената на името, да, тоа беше тешка одлука и непопуларна меѓу граѓаните, но затоа сега Северна Македонија е нов и важен член на НАТО. Како приоритет за Американската Амбасада е да пружиме  поддршка и охрабрување за понатаму, за патот кој следи, главната цел, а тоа е патот кон Европската Унија. Друг топ приоритет ни е борбата против корупцијата, сите знаеме дека корупцијата постои, а од фитбекот од граѓаните видовме дека тоа е голем проблем. Исто така, би сакале да најдеме пат да креираме економски можности за младите, да ја гледаат својата иднина овде, а не да мислат дека мора да заминат од државата за подобра иднина. Иселувањето на младите е голема загуба за земјата“, кажа Агелер.

Извршниот директор на Democracy Lab, во чии рамки функционира Центарот, Сефер Селими рече дека ваквите настани се добра можност граѓаните да го кажат своето мислење и ставови.

„Овој формат на панел дискусии е создаден за граѓаните, особено младите да дискутираат со претставници на власта, но и други јавни личности и да ги споделуваат нивните видувања на различни теми или прашања што не‘ засегаат како општество.“, рече Селими.

Агелер претходно направи прошетка низ Гостивар придружувана од градоначалникот Арбен Таравари и претседателот на Советот, Валбон Лимани.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена