Гостивар
Амбасадорот на Чешка во посета на Општина Гостивар

Амбасадорот на Чешка Јарослав Лудва денес беше во посета на Општина Гостивар и оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари. Домаќинот и гостинот се сложија дека развиваат добра соработка и пријателството со Чешка е многу важно како докажан партнер на Северна Македонија во областа на европските интеграции и во многу други сфери од интерес на граѓаните на двете земји.
„На средбата со чешкиот амбасадор разговаравме за соработката помеѓу двете земји во однос на интеграциските процеси. Разговаравме за теми во донос на локалната власт и проблемите со кои се соочуваме во овие кризни моменти во нашата држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, уставните измени, како и за заеднички активности во иднина“, изјави градоначалникот.
Од гостиварката општина напоменуваат дека традиционално имаат одлични односи со земјите од Вишеградската група: Чешка, Словачка, Унгарија и Полска.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение