Гостивар
Амбасадорот на Турција во посета на Гостивар, на средби во Муфтиството и Општината

Амбасадорот на Турција Хасан Мехмет Секизќок денес беше во официјална посета на Гостивар. Во општината оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари, додека во гостиварското Муфтиство на ИВЗ со муфтијата Сабахудин ефенди Зендели.
Во општината се разговарало за досегашната соработка со Турција и за продолжување на негувањето на односите воспоставени меѓу двете земји и со општината.
Во Муфтиството тема на разговор биле актуелностите во рамки на исламската верска заедница, со посебен акцент на зачувување и култивирање на верско-националната традиција на Гостивар и околината. Од средбата биле испратени заеднички пораки: за зачувување на моралните и националните, институционални вредности и дејствување за подигнување на достоинството на исламските верници, без оглед на раса, пол, нација и јазик.
Делегацијата ги посети и Институтот за рецитирање на Куранот, Саат-кулата и Саат- џамијата во Гостивар.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер