Гостивар
Амбла нема да биде изолирана од своето одделение – апели за прифаќање на различностите!

Реакцијата на Илир Адеми од Гостивар, татко на 11 годишната Амбла, девојче со Даунов синдром, ја разбранува јавноста и ги покрена институциите. Таткото јавно реагираше дека неговата ќерка е изолирана и не е прифатена во училиштето „Единство“ кадешто учи, а родители потпишувале петиција да не биде во одделението заедно со нивните деца. Денес, градоначалникот Арбен Таравари беше во училиштето, на средба со Адеми, училишното раководство, учителката и образовениот асистент задолжен за Амбла. Тој истакна дека вакви примери не треба да има, децата со посебни потреби треба да ги чувствуваат училиштата како свој дом и да бидат прифатени.
„Дојдов да ги слушнам сите, таткото, директорот, учителката, асистентот, дефектологот. Проблемот е од декември, кога имало петиција од родители и од тогаш Амбла почнала да ротира во два-три класа. Делумно за тоа имало согласност од мајката. Не е добро секако детето да менува така одделенија. За нас возрасните не е убаво да менуваме и да се адаптираме на канцеларии, не па за дете со Даунов синдром. Не смее да биде изолирана. Може час-два да има третман со дефектолог, но инклузивноста да функционира. Ова е прв случај во Гостивар, има повеќе деца со Даунов синдром и вклученоста функционира. Амбла од денес во училница треба да се чувствува како во свој дом. Најбитно е да се испрати порака дека овие деца се дар од господ, да ги третираме како дел од нашиот живот и да има дадеме дури и повеќе внимание и значење.“, рече градоначалникот.
По средбата беше речено дека Амбла се враќа на настава во своето одделение.
„Ние како родители баравме нашата Амбла да учи во еден клас, а не да ротира. И ние како возрасни луѓе, ако постојано ни се менува просторијата реагираме, па така и таа реагира и тоа негативно. Мислам дека нашата реакција донесе решение, заедно со градоначалникот, директорот. До родителите сакам да им кажам дека сите имаме деца и јас се боарм за моето дете како и тие за своите. Министерството за образование има концепција за инклузивност и добро е таа да се реализира во пракса, а не само на хартија.“, рече Адеми.
За случајот преку фејсбук се огласи и министерот за образование, Јетон Шакири.
Народниот правобранител, формира предмет по сопствена иницијатива и испрати тим во училиштето за да го испита случајот.
Таткото на Амбла Илир, алармираше дека родителите на ученици ја бојкотираат наставата и потпишуваат петиција бидејќи не сакале да посетуваат настава со Амбла, под изговор дека девојчето било агресивно.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022