Поврзи се со нас

Вести

Американскиот инфектолог Ентони Фаучи кажа кога може да очекуваме стабилизирање на состојбата со COVID-19

Објавено

на

Познатиот американски инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести (НИАИД), даде свое мислење кога може да очекуваме стабилизирање на состојбата со коронавирусот и враќање во нормален живот.

Д-р Фаучи учествуваше на интернет конференцијата „Граници, фестивал на здравјето“ (Frontiere-Festival di Salute) организирана во Рим и во таа прилика рече дека враќањето во нормален живот може да се очекува кон крајот на следната 2021 година.

До тогаш, Фаучи препорачува строго почитување на пропишаните мерки: заштитни маски, физичко растојание, избегнување групни собири во затворено.

Според него, ефективна вакцина може да се очекува до крајот на оваа година, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината против сипаници.

„Доволно е да се вакцинираат 75% од светската популација за да се запре ширењето на инфекцијата“, рече Фаучи.

Д-р Ентони Фаучи е на листата 100 највлијателни луѓе за 2020 година во САД. Важи за доктор кој не паѓа под влијанија и секогаш ја кажува вистината, колку и да е тешка за слушање.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена