Поврзи се со нас

Гостивар

Анализа: Низа пропусти и прекршувања во случајот „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите

Објавено

на

Во случајот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д има бројни пропусти, се нотира во анализата на Институтот за демократија Социетас цивилис, која денес беше презентирана пред јавноста.

Државата треба да го заштити системот на носење на одлуки, почитувајќи ги и правејќи ги ефикасни механизмите кои го овозможуваат тоа, за да се заштити јавниот интерес и да се намали можноста за евентуални коруптивни дејствија, оцени Миша Поповиќ, раководител на Центарот за добро управување при Институтот.

Посочи дека има неуспех во носењето на одлуки базирани на докази, односно проценката на влијание на регулативата која е деловнички вградена во работата на Владата и на некој начин овозможува во процесот на креирање на закони да се контролира начинот на кој различни приватни интереси влијаат при креирање на закони и политики. Заради тоа, оцени, на некој начин со случајот „Бехтел и Енка“ е прекршен Деловникот на Владата.

-Во овој случај тоа е изоставено, а не се разви јавна расправа ни во Собранието иако Собранискиот деловник тоа го овозможува, а и самата природа на законот, потенцијалните трошоци и начинот на кој е уредена специјалноста на законот бара да има јавна дискусија. Пратениците морале да овозможат јавна дискусија за да се чујат различни надворешни експертски мислења што важат за самиот закон, а особено за сите доусогласувања во законите за работни односи, за урбанистичко планирање,… Покрај тоа, искористен е и механизмот за европско знаменце за уште повеќе да се скрати дебатата иако деловнички претседателот на Собранието воопшто не требало да дозволи тие закони да се разгледуваат со европско знаменце, рече Поповиќ.

Забелешка имаше и на претседателот на државата кој, како што кажа, не стави суспензивно вето. Нагласи дека на очиглед на сите пропусти иако го имале правото да спречат, претседателот на државата и претседателот на Собранието тоа не го направиле со што овозможиле да се озакони ризикот од корупција, односно дека таа во иднина можеби ќе се случи.

-Сите овие механизми овозможуваат доколку продре приватниот интерес следната инстанца тоа да го спречи и да го контролира и да го врати процесот назад. Меѓутоа, ниту во Владата, ниту пак, во Собранието, нити претседателот на државата не успеаја да одолеат на сите овие повреди кои се случија при носењето на законот за коридорите 8 и 10д. Веројатно во иднина ќе треба да се вклучи и судската власт во процесот на носење на одлуки, односно да ги цени сите повреди на процесите и процедурите за да се оневозможи да стапат на сила одлуките донесени без следење на процедурите, рече Поповиќ.

Нагласи дека со специјален закон се гради и автопатот од Кичево до Охрид и додаде дека за тоа веќе се води судска постапка.

Новинарката Фросина Димеска посочи дека случајот „Бехтел и Енка“ покажа дека нема длабинска проверка од државните институции на кого ги даваат парите од Буџетот, а новинарот Александар Димитриевски дека нема канцеларија или официјално претставништво на „Бехтел и Енка“ во земјава каде евентуалните македонски подизведувачи би можеле да пројават интерес за вклучување во проектот за изградба на автопатите и праша на кој начин и каде тоа го направиле оние кои веќе се избрани како подизведувачи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 43 минути

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 13 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 14 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 16 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 17 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 18 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 19 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 20 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена