Поврзи се со нас

Гостивар

Анализи на Д-Дмери за ковид болни наскоро во лабораторијата на Здравствен дом во Гостивар со упат од матичен лекар

Објавено

на

Пациентите позитивни на коронавирус во Гостивар што се на домашно лекување, наскоро ќе може да вршат анализи на Д-Дмери во крвта со упат од матичен лекар, на товар на Фондот за здравство. Испитувањето на овие вредности е важно за да се добие јасна слика за најчестите компликации при ковид, односно дали има згрутчување на крвта.

Лабораторијата на Здравствниот дом деновиве ги врши подготовките за воведување на оваа услуга, а очекуваат од следната недела да се отпочне со тендерските процедури.

„Во тек е постапка во подготвување на воведување испитување на Д-Дмери, додека ЦРП во нашата лабораторија веќе се работи со години. Се надеваме дека веќе од понеделник ќе се објави и тендер за да се откупат тестови за работа, затоа што се од имунолошки карактер и треба да се поседува соодветна опрема. Подготовките за воведување на Д-Дмери како анализа се во тек, и се надеваме дека до крајот на месецот веќе ќе се отпочне со работа за да се задоволат потребите за пациентите кои матичните лекари веќе ги упатуваат за овие проверки.“, вели Абдулкадар Алији, раководител на лабораторијата.

Повеќе научни студии до сега ја потврдија поврзаноста помеѓу тежината на ковид – 19 и покачени вредности на Д-Димери. Се претпоставува дека причината за зголемувањето е нарушување на коагулацијата поради присуството на вирусот, и оштетување на белодробното ткиво кај воспалението.

„Кај ковид болните во голем процент се забележува промена кај овие коагулациони фактори, односно Д-Дмерите во енормна вредност. Тие компликации се можеби една од водечките што доведуваат до тешки заболувања, па и завршувајќи со смртни последици. Затоа е многу важно да се следат. Факт е дека потребата од оваа анализа толку се зголеми, што потребно е да се воведат во сите здравствени установи, не само во службите за трансфузиологија, туку и во сите други лаборатории што се во можност да ја работат, затоа што анализите мора да ги прави стручен тим кој квалитетно ќе го сработи тоа“, вели д-р Алији.

Во приватните лаборатории низ Гостивар, анализа на Д-Димери се плаќа по 1.000 денари.

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 4 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 6 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 7 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 9 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 10 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 12 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 14 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 15 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена