Македонија
АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) започнува со примена на полиграфско тестирање како задолжителен дел од постапките за селекција на кадри, проверка на професионалниот интегритет на вработените и безбедносни проверки во согласност со законските надлежности.
Оваа законска обврска е предвидена уште со основањето на Агенцијата во 2019 година, но нејзината имплементација беше одложена во изминатите пет години, што предизвика реакции и критики од стручната јавност.
Директорот на АНБ во своите изјави нагласи дека започнува период на целосно спроведување на оваа мерка со цел постигнување највисоки стандарди на интегритет, доверба и професионалност во работењето.
Полиграфското тестирање ќе се користи како алатка за проценка на кадарот, проверка на безбедносната подобност на вработените и минимизирање на ризиците од потенцијални компромитирачки активности што би можеле да ги загрозат безбедносните интереси.
Од АНБ истакнуваат дека воведувањето на оваа метода претставува значителен чекор кон унапредување на безбедносните практики и создавање професионална работна средина во која интегритетот ќе биде еден од основните принципи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар