Поврзи се со нас

Вести

АНКЕТА: Различни мислења околу рамноправноста меѓу мажите и жените

Објавено

на

    Пред неколку дена ве повикавме да учествувате во анкета на тема: жените и рамноправноста со мажите во денешно време и во наши услови. Во продолжение ги пренесуваме размислувањата кои ни пристигнаа од наши читатели, женски и машки. Почитувајќи ја нивната желба, ги објавуваме без целосни имиња.

    Жени:

    Г.М. -Во денешново “модерно” живеење, жената се обидува да постигне рамноправност во сите сфери на живеење, со помош на бројни организации, кои секојдневно работат на афирмација на жената. Како резултат на нивната работа, многу нешта, кои се однесуваат на рамноправноста помеѓу мажите и жемите, се подобрени. Жената не е повеќе во подредена положба и во семејството работните обврски се помалку се делат на машки и женски. Сепак, се` уште е голем бројот на жени – жртви на семејно насилство. На работен план пак, не верувам (или не сакам да верувам) дека постојат случаеви кога жените, за една иста професија, се помалку платени од своите колеги – мажи. Додека во општеството, се уште е значително поголем процентот на мажи, во однос на жените, кои се на високи раководни функции.

    С.Б –Во Гостивар тврдам дека постои нерамноправност помеѓу мажите и жените. Долг е списокот на примери, би набројала неколку најбитни кои за жал секојдневно и ги слушам и ги гледам. Мажи во Гостивар тврдат дека: – Мажот е посилниот пол! Ако силината се мери во тупаницата и цепењето дрва,навредите , омаловажувањата дека жените не заработуваат исто колку мажите, да тука важат за посилен пол. Ако во домот само мажот кој ќе се врати од работа е изморен, па ништо друго освен да одмори не му е обврска, да и тука важат за себепрогласен посилен пол. Најгруба е реалноста што во нашиот град постои, а тоа е дека жената не може,т.е не смее да оди на работа, да заработува помала плата од нивната туку треба да го гледа семејството, куќата, да домаќинува зошто тоа и’ е обврска запишана од силната машкост и мора да се почитува. Ако жените се спротистават на таквата нивна машкост веднаш се недомаќинки, збеснати и што уште не. Реално, жената е жртва за мирот во домот и е приморана да трпи за да постои и опстојува функционално семејство. Жените се поголеми мажи од мажите, а тоа секако знае да им запречи на мажите.

    А.Ј-Кај нас уште владее ставот дека жената е роб на куќата, мажот, децата. Но, во последните неколку години, полека, ама сигурно, жените се повеќе заземаат свој став по некои прашања, што ми е многу мило, така да жените и мажите можат многу бргу да се изедначат во сите аспекти во секојдневниот живот, а зошто и не би, кога се знае дека жените без мажите би можеле да живеат, ама мажите без жените многу тешко.

    Мажи:

    Е.Е –Не сме рамноправни зошто жените трошат многу пари на облека, а мажите не!

    С.З – Не сме рамноправни. Жената секогаш треба да биде една скала подоле од мажот, се знае, мажот е посилниот пол.

    П.А –Не се рамноправни, а би требало. Значи кога ќе дојде да се цепат дрва, 6 кубика јас, 6 таа.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена