Спорт
Антиќ ја промовираше кандидатурата за прв човек на МКФ: Спортот на спортистите
Некогашниот капитен на македонската репрезентација и единствениот македонски кошаркар кој настапувал во НБА лигата, Перо Антиќ денеска во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и официјално ја потврди својата кандидатура за прв човек на МКФ.
Пред многубројните медиуми, спортски работници, бивши кошаркари и пријатели Антиќ ја презентираше својата програма, под мотото „Спорт на спортистите“.
„Еден од приоритетите е обезбедување на генерален партнер, не само за сениорските лиги, туку за сите. Идејата е клубовите наместо да плаќаат котизација од 10.000 евра, тие пари да се прелеат во награден фонд кој би се поделил според пласманот. Сакаме да ги мотивираме клубовите да се борат за секое место, пехарот не треба да биде единствената награда. Исто така, сакаме да најдеме технички спонзор, не само за репрезентацијата, туку и за клубовите, со чија помош би ја набавувале спортската опрема “, рече Антиќ.
Дека е крајно сериозен во намерата кошарката во државава да фати приклучок со останатите европски квалитетни натпреварувања, говори и фактот што помеѓу најблиските негови соработници се Тодор Гечевски и Владимир Георгиевски, сите кошаркарски легенди кои цел живот го посветиле на кошарката, што влева голема надеж за во иднина.
Изминатиов период Перо беше жесток критикувач на политиката на Наумоски. По официјалната потврда дека ќе се кандидира за прв човек на МКФ доби огромна поддршка и според многумина сега е негово време.
Изборите за претседател на МКФ ќе се одржат на 15-ти мај.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар