Поврзи се со нас

Вести

Антикорона препораките да продолжат: Без јавни масовни собири до 13 март

Објавено

на

Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбата со корона вирусот предлага Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавни масовни собири и спортски натпревари без публика, до 13 март.

„Препораката да не се одржуваат масовни собири, како и големи спортски натпревари, на коишто очекуваме луѓе од странство, да се одржуваат без публика и да се продолжи уште една недела, до 13-ти март – следниот петок. Оваа мерка доаѓа како резултат на тоа што бројот на лица во Европа континуирано се зголемува“, информираше денес министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот соопшти дека во тек се подготовки со мобилните оператори да се воведе уште една мерка на контрола. „Мобилните оператори излегоа во пресрет и чекаме да се изработи техничко решение, а тоа е сите странци кои влегуваат во нашата земја со посебна порака да бидат известени за тоа што треба да преземат, каде да се јават доколку им се јават симптоми на болеста. Идентични податоци од флаерот којшто го добиваат на граничните премини или на аеродромите во текстуална порака да им стигне веднаш откога ќе се вклучат на која било од нашите мрежи. По техничкото решение, веќе денеска најавија мобилните оператори ќе биде во функција.“, рече Филипче.

Околу 4250 лица се заболени од коронавирус во регионот Европа, речиси илјада повеќе од вчерашниот ден. Во нашиот регион, има нови пациенти со коронавирус, еден во Словенија и двајца во Србија.

-Синоќа разговарав и со нашиот конзул во Италија. Италија ги затвори сите училишта и универзитети до 15 март, остануваат во сила оние мерки во регионот во Северна Италија. Конзулот има најава дека има наши државјани коишто се на работа таму и поради овие мерки, поради тоа што голем дел од нив не можат да одат на работа, некои веќе сакаат да се враќаат во нашата земја, а тој работи на тоа да има интензивна комуникација со нив за евентуално поголемите организирани групи на наши граѓани кои би доаѓале во Италија се најават претходно со цел да имаме подобар увид на влезот на патници, информира министерот Филипче.

Тестовите на двајцата странци, едниот државјанин на Сингапур, другиот на Австралија, кои од 28 февруари престојуваат во Скопје се негативни на коронавирус. По пријава на хотелот, денеска, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје–Скопје од пациентите земале брисеви за тестирање во нивната хотелска соба, каде тие останале до добивањето на резултатите.

Во текот на денешниот ден бil направен и контролен тест на единствената заболена пациентка од корона вирус и нејзината ќерка, со која таа е во контакт и двете во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Тестот на пациентката е негативен на корона вирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка, извести Министерството за здравство.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 39 минути

Лути и лековити – намирници кои го зајакнуваат вашето здравје

Спортпред 14 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 15 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 18 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 19 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 20 часа

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 21 час

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 21 час

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 22 часа

Општина Гостивар: Дојавите за бомби се лажни, училиштата се безбедни

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена