Поврзи се со нас

Македонија

Антикорупциска ги повика избраните функционери да ги почитуваат уставните и законските обврски

Објавено

на

    Државната комисија за спречување на корупција ги повикува избраните функционери, да ги почитуваат начелата, обврските и забраните утврдени во Уставот, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Законот за пратеници, Законот за собранието и Изборниот Законик.

    Преку соопштение по завршување на изборите за пратеници во Собранието, ДКСК потсети на неколку уставни начела како што се неспојливоста на функцијата претседател на Владата и министер со вршење на други јавни функции или професии.

    Оттаму, тие потсетуваат на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со кој тие имаат обврска да го почитуваат начелото на интегритет, односно обврската при вршењето на функцијата да внимаваат на евентуален судир на интереси, а при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице.

    ДКСК потсетува дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите.

    Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга, велат оттаму.

    Дополнувајќи дека на избраните и именуваните лица, чии функции се извршуваат професионално, работниот однос им мирува согласно со закон.

    Тие потсетија и на Законот за пратениците, според кој функцијата пратеник е неспоива со функцијата претседател, претседател на Владата, министер, судија на Уставниот суд, судија, народен правобранител, јавен обвинител и други носители на функции кои ги избира и именува Собранието и Владата на Северна Македонија, со член на совет на општина и градоначалник на општина, односно градот Скопје и вработените на стручни и управни работи во органите на државната управа.

    Во врска со Законот за Собранието, оттаму нагласија дека функцијата пратеник е неспоива со вршење на други јавни функции или професии, утврдени со закон.

    Од Изборниот законик, посочуваат дека функцијата пратеник, член на совет и градоначалник е неспоива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието и Владата.

    Имајќи ги предвид сите погорецитирани закони, Државната комисија укажува дека Уставот и законите на Северна Македонија треба подеднакво да важат за сите граѓани на државата, вклучувајќи ги и актуелните, но и претходните функционери, поради што се повикуваат лицата кои се на највисоки државни функции и вршат јавни овластувања, на обврската за почитување на начелата за законитост и интегритет, стои во соопштението од ДКСК.

    Оттаму дополнуваат дека непочитувањето на сите горенаведени обврски и забрани повлекува последица за престанок на мандатот на избраните функционери, согласно член 6 став 1 точка 3 од Законот за собранието, член 8 став 1, точка 3 од Законот за пратениците и член 152 став 1, алинеја 3 од Изборниот законик. Воедно, истото претставува прекршок за кој согласно член 105 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси се изрекува одредена прекршочна санкција.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Занимливостипред 2 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена