Поврзи се со нас

Гостивар

Антиковид вакцинацијата во Гостивар ќе продолжи со Синофарм – Астра Зенека и Фајзер примиле 1.000 лица

Објавено

на

Од 2-ри април, кога почна имунизацијата против коронавирус во Гостивар до сега, вакцина примиле околу 1.000 граѓани. Процесот на вакцинација, кој според тимот ангажиран да го спроведува се одвива непречено, ќе продолжи и во следниот период со вакцини од кинескиот производител Синофарм. Гостиварци до сега се имунизираа со Астра Зенека и Фајзер.

„Вакцинацијата во Гостивар се одвива многу добро. Како што поминува времето, така расте и интересот кај граѓаните да примат вакцина. Од почеток на вакцинацијата до сега, со Астра Зенека се вакцинирани 600 граѓани, додека со Фајзер Бионтек околу 400 и веќе се привршува вакцинирањето со оваа вакцина, а понатаму ќе продолжиме со Синофарм. До овој момент не се пријавени некои потешки компликации и реакции. Кај некои се јавила благо покачена температура која поминала со примена на лек и тоа е вообичаено.“, информира д-р Дафина Богданоска од Здравствениот дом во Гостивар.

Вчера во Тетово беше отворен регионален пункт за масовна вакцинација, но тоа не значи дека гостиварскиот ќе престане со работа. Сепак, дел од граѓаните од регионот на Гостивар за вакцинација се распределуваат во Тетово.

„Закажувањето за вакцини сега не оди преку матичен лекар, туку преку vakcinacija.mk. Би апелирала граѓаните да се јават за вакцинација на пунктот каде што им е закажан терминот, затоа што ние немаме прилика да менуваме. Ако некој е закажан во Тетово, треба да оди да прими вакцина во тој пункт.“, вели д-р Богданоска.

Со антикорона вакцинација во Гостивар најпрво беа опфатени граѓани кои имаат над 75 години. Потоа постепено дојде до опаѓање на возрасната граница и актуелно вакцини добиваат лицата над 70 години.

Наредниот период ќе следува дополнително спуштање на границата, според насоките и препораките на Министерството за здравство.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена