Поврзи се со нас

Македонија

Апасиев: Процесот Жан Моне е фарса, нема расположение да се донесе современ европски деловник

Објавено

на

Левица нема да учествува во дијалогот Жан Моне за измени на Деловникот, бидејќи смета дека целта на процесот не е донесување современ европски деловник за работа на Собранието, информираше денеска претседателот на партијата Димитар Апасиев.

-Тоа е обична фарса. Ние во почетокот како што учествувавме, лично јас учествував со конструктивни предлози, ги симнавме сите од Југославија до денес, ништо од тоа не се прифаќа.Тие имаат своја тенденција како тоа да го направат, и не сакаме да го легитимираме веќе тој процес и наш претставник не учествува. Од средбата во Маврово па наваму ние не учествуваме, рече Апасиев на новинарско прашање зошто не учествуваа на последнта средба на Жан Моне процесот за Деловникот што се одржа на почетокот од неделава.

Тој додаде дека под постојните услови нема да учествуваат во процесот, бидејќи, како што потенцира, го смета за фарса.

-Мислам дека нема располложение да се донесе современ европски деловник и затоа што не им одговара. Овој деловник е донесен од Трајко Велјановски. Им одговара и на едните кога биле на власт, и на овие. Така што мислам дека нема искрена добра волја да се промени Деловникот, рече Апасиев.

Запрашан зошто не беа ниту на лидерската средба во понеделник, лидерот на Левица го повтори партискиот став дека ќе прифат внесување на Бугарите во Уставот ако тоа реципрочно се направи и во Бугарија.

-Цениме дека нема што да преговараме за тие прашања. Нашиот став е јасен. Бугари во Устав во Македонија може под еден услов кога ќе има Македонци во бугарскиот Устав. Тоа е непроменет став и  нема зошто да разговараме на темата, вели Апасиев.

За нивните претставки до Обвинителството и до Уставен суд во однос на забраната на бугарските здруженија „Ванчо Михаилов“ и „Цар Борис Трети“, регистрирани во земјава, рече дека не очекува ништо од правниот систем, но посочи оти мора да се исцрпат сите правни механизми кои им стојат на располагање.

-Од Обвинителство немаме повратна информација меѓутоа од инсајдерски извори дознавме дека има оформен предмет за двете здруженија бидејќи тоа е посебен поднесок, тоа не е кривична пријава, туку во нашиот закон е предвидено иницијатива за забрана на дејствување на здружение. Додека од Уставен суд вчера мислам дека оформија предмет.  Има преседен, тоа е здружението Радко, меѓутоа ќе видиме. Јас искрено со ваков правен систем не очекувам ништо, меѓутоа наше е како легалисти да ги исцрпиме сите правни механизми за да потоа имаме основ како понатаму би презеле други политички дејствија, бидејќи доколку не ги исцрпите правните, немате алиби да правите радикализација во политички контекс, рече Апасиев.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Регионпред 33 минути

Фалсификувани евра внесени во Косово биле изработени во Македонија, соопшти Косовското обвинителство

Гостиварпред 1 час

Дечиња чекаат топол дом и внимание, но во Гостивар нема интерес за згрижувачки семејства

Македонијапред 2 часа

Петти ден потрага по Вања, вклучени стотици полицајци, прегледани 50 камери, сослушани 10-тина лица

Вестипред 3 часа

ФЛЕШ ВЕСТ| ЦУК: Патот до Галичник исчистен и прооден

Вестипред 3 часа

Земјата денес може да биде погодена од геомагнетна бура

Македонијапред 3 часа

Мухамед Зеќири казнет со 2,5 години затвор

Македонијапред 5 часа

Светски ден за борба против СИДА, годинава во земјава 46 нови случаи

Македонијапред 6 часа

Лавров: Луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент

Гостиварпред 7 часа

Голомразица и ризик од одрони на патиштата кон Стража, Маврово и по долината на Радика, апел за особена внимателност

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 1 недела

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 4 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 7 дена

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 3 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 1 недела

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена