Гостивар
Апел да не се пука по свадби, во Тетово повредена жена од заталкан куршум

Деновиве на поширокото тетовско-гостиварско подрачје во полн ек е сезоната на свадбени и други семејни свечености. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во овој период се практика на подрачјето.
Во Тетово веќе е регистриран прв случај на повредување од заталкан куршум. Вчера (13 јули) 59-годишна тетовка во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА“ во Тетово била погодена од заталкан куршум, по што била пренесена за укажување на лекарска помош во тетовската Клиничка болница.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно ги потсетува граѓаните дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31, се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).
СВР Тетово укажува, исто така, дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат законски пропишаните превентивни мерки.
„Секторот за внатрешни работи Тетово веќе во значителна мерка ги засили контролните активности на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир, а на таа тема, покрај другото, деновиве и се одржуваат бројни состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници на ова подрачје. Нивна цел е да се превенираат несакани безбедносни настани и последици.“, соопшти полицијата.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја