Поврзи се со нас

Гостивар

Апел да не се пука по свадби, во Тетово повредена жена од заталкан куршум

Објавено

на

Деновиве на поширокото тетовско-гостиварско подрачје во полн ек е сезоната на  свадбени и други семејни свечености. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во овој период се практика на подрачјето.

Во Тетово веќе е регистриран прв случај на повредување од заталкан куршум. Вчера (13 јули) 59-годишна тетовка во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА“ во Тетово била погодена од заталкан куршум, по што била пренесена за укажување на лекарска помош во тетовската Клиничка болница.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно ги потсетува граѓаните дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31, се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

СВР Тетово укажува, исто така, дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а  организаторите навреме да ги преземат законски пропишаните превентивни мерки.

„Секторот за внатрешни работи Тетово  веќе во значителна мерка ги засили контролните активности на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир, а на таа тема, покрај другото, деновиве и се одржуваат бројни состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници на ова подрачје. Нивна цел е да се превенираат несакани безбедносни настани и последици.“, соопшти полицијата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 5 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 8 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 9 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 10 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 12 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 13 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 15 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 16 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена