Поврзи се со нас

Вести

Апел: Да не се палат огнови по полињата!

Објавено

на

 

Во период кога се интензивираат подготвителните активности на земјоделците за престојната сеидба во полошкиот регион, надлежните апелираат на внимателност и одговорност при работа на отворено.

„Забрзано се чистат нивите, меѓите и стрништата, забележително е зголемена вкупната фрекфренција, особено по регионалните и локалните патишта. Имајќи ги во вид ваквите околности, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни кога работат или се движат на отворен простор.  Ова, пред се` се однесува на оние кои се ангажирани во полето, до кои се апелира да не палат огнови, зашто пламените јазици брзо и лесно можат да се прошират, посебно кога е ветровито, бидејќи запаленото, потоа, тешко може да се контролира„, се наведува во соопштението од СВР.

Од таму советуваат граѓаните, исто така, да се воздржат од фрлање на догорчиња и неизгаснати отпушоци.

Намерното предизвикување  шумски пожар претставува кривично дело за кое е предвидена и затворска казна од осум до десет години, зависно од местото, неговите размери и крајните последици.

Покрај ова, на земјоделците им се советува,  внимателно да ја користат механизација, навреме да ја проверат техничка исправност и да ја управуваат само лица со положен возачки испит.

Секторот за внатрешни работи најавува дека во соработка со другите надлежни институции на подрачјето, ќе презема адекватни превентивни и други мерки, со цел навреме да се пресретнат можните причини за избувнување пожари, сообраќајни несреќи со учество на земјоделска механизација и друго.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена