Вести
Апел до возачите: Возете одговорно, да не страдаат децата
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/07/pesacki-e1634116266537.jpg)
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот излезе со препораки до возачите за поголема безбедност на децата на улиците и патиштата. Според нивната статистика, во Република Македонија во 2017 година 4 деца на возраст до 14 години и 14 деца на возраст од 15 до 19 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди.
РСБСП упати апел за одговорно учество во сообраќајот особено во близина на училиште, градинка, во зони на смирен сообраќај и слично:
- Внимавајте на децата во сообраќајот во секое време. Кога управувате со возило, сте прифатиле одговорност да внимавате на другите во сообраќајот, особено на децата. Често децата особено помалите , не се таму каде што треба да бидат или каде што вие очекувате тие да бидат. Затоа бидете внимателни во секое време и на секое место, особено во близина на училиште или градинка.
- Почитувајте го ограничувањето на брзината во населено место, особено во областите каде што има поголем сообраќај на пешаци и деца. Посебно бидете внимателни и намалете ја брзината во зона на смирен сообраќај, односно во зона каде што брзината е ограничена на 30 km/h, како што се училишните зони и улиците во соседството, каде што пешаците т.е децата може да се појават одеднаш.
- Во лоши временски услови и слабо осветлени области целокупната видливост е ограничена. Не само што е потешко за возачите да ги видат движењата на децата , исто така е тешко за децата да ги видат возилата. Затоа, бидете сигурни дека вашите светла се исправни и вклучени и правилно користите ги звучните и светлосните сигнали и бидете дополнително претпазливи.
- Кога се приближувате до пешачки премин, (во близина на училиште, градинка, во зони на смирен сообраќај итн. ) намалете ја брзината и бидете подготвени да го застанете возилото. Кога ќе застанете на пешачки премин, оставете доволно простор помеѓу вашето возило и пешачкиот премин за да може пешаците/децата безбедно да се движат и да можат другите возачи благовремено да ги видат пешаците/децата за кои вие сте застанале и сте ги пропуштиле.
- Не поминувајте ги возилата што застанале на пешачки премин. Тие застануваат да им дозволуваат на пешаците/ децата да поминат и да ги уверат дека улицата е безбедна за преминување.
- Кога ќе видите знак “училиште”, задолжително намалете ја брзината. Посветете внимание на движењето на децата во близина на патот и училиштето. Возачите секогаш треба да имаат на ум дека децата не размислуваат за опасностите на патот. Запамете дека тие не се во состојба да ја проценат брзината со која се движат возилата.
- Во близина на училиште или градинка внимателно одберете каде ќе го паркирате возилото. Паркирањето на тротоар или пешачки премин го попречува движењето на децата и ги насочува децата кон улицата и коловозот и на тој начин всушност директно ја загрозувате безбедноста на децата во сообраќајот. Исто така неправилното паркирање ги прави децата невидливи помеѓу возилата и нивното преминување на улица го прави крајно опасно.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди