Гостивар
Апел до земјоделците: Не палете стрништа без контрола, демне опасност од пожари

Во периодот на започнување на првите подготовки за претстојната пролетна седидба, кога има зголемена раздвиженост на нивите во полошко и интензивно чистње на отпадоците, забележливи се појави на палење на стрништа и сува вегетација (трева, жбунови и слично), најчесто без непосредна контрола со што се предизвикуваат несакани последици, алармира полицијата.
„Токму затоа, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до земјоделците, но и до сите други да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито. Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци и ќе им бидат запретени затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.“, соопшти СВР.
Од таму нагласуваат дека преземаат координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во наредниот период ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден