Гостивар
Апел од еко активистите во Гостивар: Животната средина е загрозена, треба еколошка едукација, но и казни
На Светскиот ден за заштита на животната средина, 5-ти јуни еколошките активисти од Гостивар предупредуваат дека состојбите со загадувањето и негрижата за околината се алармантни, а последиците може да бидат фатални. Нагласуваат дека е неопходно подигнување на еколошката свест и вклучување на сите поединци и институции за надминување на проблемите.
Доктор Ахмет Салмани, претседател на Здружението Гв Еко вели дека животната средина е загрозена од секој аспект, водата е нечиста, воздухот загаден, а природата се уништува.
„Ова веќе е криза. Состојба за аларм. Не само локално, туку глобално. Сите ние треба да се освестиме дека животната средина ни треба за живот и како што го почитуваме домашниот амбиент, одржуваме уредно, чисто, така треба да се однесуваме и надвор од дома. И не само тоа, туку секој од нас треба и да се акивира, да протестира, да лобира, да се залага за почиста животна средина.“, потенцира Салмани, додавајќи дека на граѓаните им треба еколошка едукација, но инспекторите треба и да казнуваат.
„Да има и едукација, подигнување на свеста, но и казнување. Еден дел на популацијата не реагира на ништо, освен на казни“, вели тој.
Светскиот ден за заштита на животната средина е востановен во 1972 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации и се одбележува во над 100 земји ширум светот. Целта е да се подигне свеста за заштита на околината и за еколошкиот начин на живеење како и да се поттикне носење мерки за заштита.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар