Вести
Апел од Противпожарната единица по синоќешната несреќа: Внимателно со плинските боци

Томе Василески, командир на Противпожарна единица во Гостивар:
„По примената пријава во 19.25 за настанат пожар во зграда, нашите екипи веднаш излегоа на лице место. Експлозијата се случи на само 100 метри од објектот на Противпожарната единица и веднаш интервениравме со пет пожарникари и едно возило. На лице место е затекнато истекување на плин и експлозија на боца, бидејќи таа била затворена во шкаф на балконот и најверојатно тука се собирал плинот. Едно лице е повредено со изгореници од втор степен на лицето и рацете, но е надвор од животна опасност. Огнот ги зафати балконските врати и електричните уреди кои беа наоколу. Брзата интервенција го спречи проширување на пожарот.
Апелираме до граѓаните кои користат плин во домаќинствата, да купуваат квалитетни плински боци со сигурносни елементи, кои гарантираат безбедност. Ние и претходно сме интервенирале на вакви случаи во згради и станови. Пламенот се гасне, но плинот од боцата истекува и кога ќе дојде во допир со отворен пламен се предизвикува експлозија.„
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение