Поврзи се со нас

Гостивар

Апел во пресрет на Рамазан Бајрам да се почитуваат мерките за заштита од ковид

Објавено

на

Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните-верници целосно да ги почитуваат владините мерки и протоколи за спречување на ширењето на коронавирусот „ковид-19“. Посебно се советува држење на потребната дистанца и задолжително носење на заштита на лицето, како и избегнување на групирање на повеќе лица, особено во затворени простории.

Во оваа насока, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Отсек за превенција веќе одржаа неколку превентивни средби со претставници на Исламската верска заедница на тетовско-гостиварското подрачје, од кои беше побарана и нивна целосна поддршка во спроведувањето на важечките мерки и протоколи, определени од соодветните државни институции.

Покрај ова, Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира до граѓаните денеска (12 мај) и утре (13 мај) доследно да се придржуваат на сообраќајните правила и прописи, дотолку повеќе што на тетовските и гостиварските улици последниве денови присутна е забележително зголемена раздвиженост на возила. Се советува трпение, максимална внимателност и прилагодена брзина, посебно во централното подрачје, но и да не се паркираат возилата на недозволени места.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена