Поврзи се со нас

Гостивар

Апел за внимателност: Зголемен ризик од пожари во Полошкиот регион поради високите температури

Со енормното зголемување на температурите, значително се зголемуваат и потенцијалните ризици за појава и ширење на пожари во Полошкиот регион. Овој регион се карактеризира со бујна вегетација, што ја нагласува потребата од максимална претпазливост и одговорно однесување на секој поединец.

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат будни и внимателни при движење и работа во нивите и шумите, да не палат ѓубре, сено и слама, и да избегнуваат фрлање пепел и запалени цигари без претходно гасење. Особено се предупредуваат оние кои ќе престојуваат на излетничките места за време на викендите да не палат огнови, бидејќи недоволно изгаснати огнови може брзо да се прошират и да предизвикаат неповратни штети.

Се советува да не се оставаат стаклени шишиња или други материјали на отворено, кои при подолг престој на сонце може да предизвикаат пожар. Доколку настане пожар предизвикан намерно или од невнимание, сторителите се соочуваат со ригорозни законски санкции, вклучително и затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и последиците.

Секторот за внатрешни работи Тетово презема координирани превентивни мерки за навремено откривање на можните причини за пожари, и планира засилени контролни активности во поширокиот регион.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Гостиварпред 3 недели

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 4 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Македонијапред 1 недела

Денес се слави Петровден

Гостиварпред 1 недела

Викендов 61 издание на Галичка свадба

Регионпред 4 недели

Во Црна Гора се отвора првата плажа за жени со хиџаб

Гостиварпред 3 недели

Трагедија во Маврови Анови: Починал малолетник откако врз него паднал бојлер

Гостиварпред 3 недели

Повеќе здравствени установи со нови в.д. директори, Танер Хасан на чело на Клиниката за ендокринологија

Гостиварпред 3 недели

Разрешен директорот на болницата во Гостивар, кој ќе биде назначен за в.д.?

Македонијапред 3 недели

МојДДВ продолжува со примена, за Граѓанскaта обврзница ќе треба да се врати довербата во системот-рече Димитриеска-Кочоска

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 7 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 8 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 8 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 11 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 12 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Огласи за работа:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена