Поврзи се со нас

Македонија

Аплицирање за субвенции за струја до крај на февруари

Објавено

на

Продолжува субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани. Годинава за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари или еден милион евра. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, субвенцијата ќе изнесува 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до крајот на февруари.

„За самец со приходи до 18.000 денари денари, за домаќинство со два члена до 25.000 денари, за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинство со четири члена со приходи до 36.000 денари и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари“, рече Бектеши на прес-конференција во Владата.
Според него, оваа мерка годинава е проширена со други социјално ранливи категории лица како што се корисници на правото на надоместок поради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување.

„Новина е и што доколку овие домаќинства направат заштеда на електрична енергија од 10 отсто споредено со истиот период минатата година, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на сметката за електрична енергија во зависност од категоријата“, рече Бектеши.

Минатата година преку оваа мерка беа субвенционирани 4 379 домаќинства, а се исплатија вкупно 33 милиони денари, додека годинава се очекува да бидат поддржани над 8 500 домаќинства.

„Фокус на Министерството за економија во 2023 година ќе биде енергетиката и справувањето со енергетската криза. Согласно буџетот за оваа намена преку мерките и програмите на Министерството за економија се обезбедени вкупно 200 милиони денари односно 3,2 милиона евра, што е три пати повеќе споредено со претходната година“, подвлече Бектеши.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 10 минути

Еко активности на децата во Гостивар по повод Денот на пролетта

Гостиварпред 2 часа

ИНТЕРВЈУ со поетот Илкер Јусуф, по повод Светскиот ден на поезијата

Гостиварпред 2 часа

Приведени две жени во Гостивар, поради сомнение за повеќе сторени измами

Вестипред 2 часа

Економските односи главна тема на разговорите меѓу Путин и Си, се очекува потпишување два големи договора

Македонијапред 2 часа

Со одлука на НП „Шар Планина“ се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Вестипред 4 часа

Прележаните од ковид со зголемен ризик од болести на желудникот и цревата

Занимливостипред 16 часа

(ВИДЕО) Дали сте слушнале за „прстот на судбината“? Природен феномен кој сè што ќе допре го претвора во мраз – и го убива!

Вестипред 19 часа

Апарати во домот кои трошат најмногу струја кога се вклучени, а не ги користите

Вестипред 21 час

Цените на гасот во Европа на најниско ниво во последните 18 месеци

Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена