Македонија
Аплицирање за земјоделски субвенции до 30-ти јуни

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навреме да аплицираат за директните плаќања од Програмата за 2023 година, по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун.
„Корисници на овие субвенции се земјоделски стопанства кои во произведната 2022/2023 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), како и површини засеани или одржувани со луцерка, лековити, ароматични и зачински растенија. Минималната засеана површина збирно за сите култури која земјоделските стопанства треба да ја имаат е 0,5 хектари во произведната 2022/2023 година. Висината на директните плаќања кај оваа мерка за сите наведени култури изнасува 6000 денари по хектар“, потсетуваат од Министерството.
Земјоделските стопанства кои во произведната 2022/2023 имаат засеани и ожнеани површини од листата на знчајни култури пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка и притоа имаат употребено сертифициран семенски материјал остваруваат право на дополнителна субвенциија. Право на дополнителни субвенции имаат и стопанствата кој имаат засеани површини под ориз без употреба на сетрифициран семенски материјал.
„Висината на дополнителната субвенција за пченица, јачмен и пченка е 7 000 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар, со исклучок на производството за био маса наменето за гасни биоцентарали каде дополнителна поддршка не се плаќа. Кај сончогледот и маслодајната репка висината на дополнителните плаќања изнесува 4.500 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал. Додека пак за оризот висината на дополнителните плаќања изнесува 12 000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал“, истакнува Министерството.
Крајниот рок за аплицирање за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страницата на Платежната агенција.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!