Македонија
Априлските пензии ќе се исплаќаат од следен вторник

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец април, 2023 година.
Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.04.2023 година, а се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа – од 25.04.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, по распоред според висината на пензијата и тоа:
• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година (среда);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година (четврток) и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2023 година (петок).
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение