Поврзи се со нас

Вести

Арбен Таравари, кандидат за градоначалник на Гостивар од партија Алијанса за Албанците

Објавено

на

„Ќе се борам за чист град, чиста вода, подобро образование…“

 

 1. Што содржи вашата Изборна програма? Кои се приоритетните проекти со кои ја барате довербата на граѓаните на овие Локални избори?

Најважно од се, сакам моите сограѓани да се гордеат со својот град. Заеднички да се избориме за еден подобар Гостивар, Гостивар во кој младите ќе остануваат, Гостивар во кој заеднички ќе ја елимираме невработеноста, Гостивар во кој политиката нема да биде на пиедестал, туку добробита на сите граѓани. Ќе се борам за чист град за сите граѓани, ќе се борам за чиста вода која прво ќе помине низ филтерна станица, за решавање на проблемот со депонијата но и подобро образование, подобри училишта, училници, решавање на проблемот со сообраќајот, за изградба на катни гаражи. Заеднички сите ние ќе го вратиме сјајот на овој град. Ова јас лично им го должам на сите граѓани, на моето семејство и на сите идни генерации.

2. Што предвидувате во однос на задржување на младите во нивниот роден крај, ако се знае дека процесот на иселување на младата популација, па и на цели семејства го зафаќа гостиварскиот крај во поголеми размери изминатата деценија?

Иселувањето е огромен проблем насекаде, не само во Гостивар но мојата визија е Гостивар да стане пример за град што си ги вратил младите, а не град од кој младите едвај чекаат да се иселат. Заеднички ќе седнеме и ќе ги решаваме проблемите. Сакам да ги слушнам и нивните предлози, сакам да знам што тие очекуваат од нивниот град и заеднички да го направиме Гостивар град со кој младите ќе се гордеат, град во кој ќе се враќаат и град кој ќе ја градат својата иднина.

3. Депонирањето на комуналниот отпад е најгорливиот проблем на Гостивар. Какво решение нудите?

Ова е огромен проблем и конечно мора да го решиме. Не ми е јасно како до сега никој не ја сфати сериозноста на овој проблем. Па ова е град на сите нас. Сите ние живееме тука. Како и да е, јас сум човек што се фокусира на иднината, а не на минатото. Веќе сум во консултација со повеќе експерти и веднаш по изборите ќе ги засукаме ракавите и ќе го решиме овој проблем. Моите сограѓани тоа го заслужуваат.

4. Што е првото нешто кое ќе го направите доколку седнете во градоначалничката фотелја на 16 октомври?

Заедно со мојот тим ќе ги засукаме ракавите и ќе почнеме да работиме. Не чека долга и макотрпна работа, но имам одличен тим покрај себе и знам дека нашите планови ќе станат реалност за сите мои сограѓани.

5. Кој е Арбен Таравари приватно?

Сопруг, татко, доктор, сонувач и човек кој верува во невозможното. А да, и иден градоначалник на Гостивар!

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена