Спорт
Аргентина ја победи Холандија на пенали и се пласира во полуфиналето
Аргентина вечерва ја победи Холандија на пенали со 4:3 во четвртфиналето на Светското првенство во Катар и се избори за учество во полуфиналето. По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 2:2.
Головите на дуелот одигран во Лусаил ги постигнаа Нахуел Молина во 35. и Лионел Меси од пенал во 73. минута за Аргентина. Вегхорст со погодоците во 83. и 90+11. минута на Холандија и донесе продолженија.
Во пенал-серијата за Аргентина реализираа Меси, Паредес, Монтиел и Мартинез, промаши Фернандез. Кај Холанѓаните прецизни беа Копмеинерс, Вегхорст и Де Јонг, промашија Ван Дајк и Бергхуис.
Аргентинците во полуфиналето закажано за 13 декември ќе се соочат со Хрватска која на првиот денешен четвртфинален дуел го победи Бразил исто така по изведување пенали.
Другите два натпревара од четвртфиналето на Мундијалот во Катар ќе се одиграат утре. Двојките се:
Мароко – Португалија (16 часот)
Англија – Франција (20 часот).
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 2 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба