Гостивар
Армијата ветила помош за Русино доколку има потреба
Македонската Армија ќе помага за справување со кризата на Русино, доколку дојде до таква потреба. Таканаречената депонија, денес ја посети армиска делегација предводена од полковникот Агрон Незири од Командата за интервенции. Посетата, како што велат од општината, се остварила на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски. Воедно остварена е и средба со Валбон Лимани, шеф на кабинетот на градоначалникот на Гостивар и консултантот на тимот за управување со цврстиот отпад од Швајцарскиот Секретаријат за економски прашања (СЕКО), Алекса Томовски.
„Лимани ги запозна гостите за најновата состојба во „Русино“ во Гостивар, која гори долго време, а општината е оставена сама да се справи со депонијата каде отпадот се транспортира во сите девет општини во Полог. Полковникот Агрон Незири од Командата за интервенции на Армијата на Северна Македонија, вети дека ќе бидат подготвени да и помогнат на Општина Гостивар, со механизација и човечки ресурси доколку продолжи горењето на „Русино“. За време на средбата, страните се согласија дека е потребна поблиска соработка во иднина не само за „Русино“, туку и во други области од интерес на граѓаните“, се вели во општинското соопштение.
Да потсетиме дека вчеравечер во Гостивар се одржа дебата за проблемот. За заклучоците и ставовите можете да прочитате ОВДЕ.
Вчера, градоначалникот Арбен Таравари испрати официјално барање до Владата да помогне во справувањето со пожарите на Русино.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди