Поврзи се со нас

Вести

Асаф Адеми, кандидат за градоначалник на Гостивар од БЕСА

Објавено

на

„Ќе ја намалиме невработеноста со инвестиции во економска зона и ќе овозможиме гасификација на Гостивар“

 

1. Што содржи вашата Изборна програма? Кои се приоритетните проекти со кои ја барате довербата на граѓаните на овие Локални избори?

За разлика од поранешните ветувања од страна на поранешните градоначалници, направивме конкретна програма со активности што се знае кога ќе се преземаат. Еден од главните проблеми е огромната невработеност, која ќе се трудиме да ја намалиме со инвестиции во економската зона во сопственост на општината. Еден друг наш проект што не разликува од другите  е подготвување на мрежата за гасификација на градот, и база за изработка на отпадни води.

2. Што предвидувате во однос на задржување на младите во нивниот роден крај, ако се знае дека процесот на иселување на младата популација, па и на цели семејства го зафаќа гостиварскиот крај во поголеми размери изминатата деценија?

Освен невработеноста, граѓаните, или подобро кажано младите се иселуваат од градов поради неквалитетниот живот. Тоа што тука сакам да го кажам е фактот што на младите им фали квалитетен социјален живот. Сведоци сме на успесите на нашите сограѓани што живеат надвор од родниот крај. Во овој контекст, ние создадовме план со кој локалната самоуправа ќе ги субвенционира младите лица во нивниот прв бизнис, ќе сподели грантови на невладините оганизации и ќе има капитални инвестиции што ќе го подобрат социјалниот живот на младите. Сакаме да им овозможиме простор каде младите ќе го развиваат нивниот талент, и ќе бидат корисни за целиот град.

3. Депонирањето на комуналниот отпад е најгорливиот проблем на Гостивар. Какво решение нудите?

Нашата екипа е посветена за чиста животна средина. Прво што е неопходно е класификацијата на отпадоците. Биолошките отпадоци треба да се користат за добивање на енергија или био гас, останатите да се рециклираат. Со одвојување на батериите, пластичните и стаклените шишиње, хартијата, картоните, и сл. треба да се намали количината на отпад што се депонира.

4. Што е првото нешто кое ќе го направите доколку седнете во градоначалничката фотелја на 16 октомври?

Гостивар треба да се ослободи од неправилно владеење, да се ослободи од политизираното образованиe и Општината да биде отворена за граѓаните, односно транспарентна работа на Општината, па потоа да ја надградуваме.

5. Кој е Асаф Адеми приватно?

Женет, татко на три деца, живеам и сакам да продолжам да живеам во Гостивар. Работам во странска компанија што се занимава со софтверско програмирање.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена