Поврзи се со нас

Гостивар

Асани: Приоритет во 2023-та ни е раст на приходите од зонски паркинг во Гостивар

Објавено

на

„Годината што измина беше глобално кризна, а тоа се одрази и врз работата на нашето претпријатие, но очекуваме и работиме на тоа постепено проблемите да се надминуваат и 2023-та да биде подобра година“, вели директорот на Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило во Гостивар, Сенад Асани.

Тој оценува дека зимската сезона, односно периодот кога печалбарите престојуваат во родниот крај поминала позитивно со зголемени приходи, напоменувајќи дека во октомври и ноември, системот за зонски паркинг бил надвор од функција и трпеле загуби.

„Системот за зонски паркинг тие два месеци не функционираше што значеше загуби за претпријатието, а причината е долгови од околу 2 милиони денари кон фирмата оператор. Сепак, успеавме да постигнеме некаков договор и во декември кога престојуваат печалбарите да се пушти, така што може да кажам дека зимската сезона беше добра. Планираме целосно да се исплати долгот, за во 2023-та да немаме проблеми од таков тип. Новата година ја почнаваме многу подобро и приоритет ќе ни биде зголемување на приходите од зонскиот паркинг“, истакна Асани. Инаку, според информациите кои ги сподели, на годишно ниво претпријатието од наплата за паркирање инкасира околу 600.000 денари.

Напори се прават да се надмине и проблемот со исплатата на плати за вработените во претпријатието, која доцни. „Тоа е поврзано со блокираната сметка на општината. Еден дел го решивме, а работиме на тоа и останатото да им се исплати. Инаку, имаме 80 вработени“, вели директорот.

Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило Гостивар за годинава планира изградба и уредување на два нови паркови, во Гостивар и Дебреше, како и подновување со специјални возила за пајак-службата.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Популарно изминативе 100 дена