Гостивар
Асфалтирања, спортски терени, базен во училиште…Општина Гостивар подготви над 40 проекти за вториот повик на Влада

Гостиварската локална самоуправа на вториот повик за Владата за поддршка на општините ќе аплицира со над 40 проекти. Како што вели градоначалникот Ваљбон Лимани тие се разнолики од сите области и опфаќаат различни потреби на граѓаните.
„Има едно шаренило, инфраструктурни проекти, асфалтирање, фекална канализација но и неколку спортски терени, детски катчиња и школски базен во ОУ „Гоце Делчев“, потоа ревитализација на еден подогл пат и други. Сетоа тоа со цел да се опфатат сите сфери и секаде кадешто има потреба да излеземе во пресрет на нашите граѓани.“, рече градоначалникот.
Во однос на одобрените проекти за Гостивар од првиот повик, Лимани кажа дека административните процедури се заокружуваат и со конкретни работи на терен ќе се отпочне веднаш штом ќе се создадат поволни временски услови.
Како што беше најавено вчера вториот повик за поддршка на капитални инфраструктурни проекти на општините, ќе биде објавен следната недела, а на располагање ќе бидат средства во износ до 15 милијарди денари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог