Поврзи се со нас

Вести

Атина, Букурешт и Софија ќе бараат компензација од ЕУ за скапата струја во регионот

Објавено

на

    Романија најави дека заедно со Бугарија и Грција ќе побараат од Советот на ЕУ исплата на компензација поради „многу повисоките цени“ на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа.

    Според романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја, цените на струјата во регионот веќе неколку месеци се значително повисоки отколку во Западна Европа, што се должи на неколку фактори, меѓу кои и сушната година, намаленото производство на електрична енергија од хидроцентралите и проблемите со интерконекцијата.

    • Обезбедуваме и значајна поддршка за Молдавија и Украина, што прави дополнителен притисок врз цените на енергијата во Романија. Тоа не може да продолжи бесконечно, истакна Бурдуја.

    Тој потенцира дека ако Романија е дел од единствен европски енергетски пазар, не може едноставно да толерира цени кои се два или три пати повисоки отколку оние во остатокот од Европа.

    • Ако сакаме исти правила, мора да уживаме и исти придобивки. Во спротивно, некои ќе ги добијат сите придобивки, додека други ќе остане да ги покриваат трошоците. Затоа ќе го покренам прашањето пред Советот на министри на ЕУ, додаде Бурдуја.

    Како што јави дописникот на МИА од Брисел, неговата најавата следи откако на почетокот на неделава грчкиот министер за енергетика Теодорос Скилакакис информира дека Грција, Романија и Бугарија „ги здружиле силите“ за да се справат со зголемените цени на електричната енергија во Југоисточна Европа.

    Скилакакис во понеделникот оцени дека единствениот пазар на електрична енергија на ЕУ не функционира во југоисточна Европа.

    • Ќе работиме со Романија и Бугарија за да се најде трајно решение за зголемените цени на електричната енергија во регионот, изјави Скилакакис, додавајќи дека се очекува за ова прашање грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да испрати и писмо до Европската комисија.

    Скилакакис најави дека заедно со неговите колеги од Бугарија и Романија ќе создадат „траен механизам за интервенција секогаш кога ќе се забележат екстремни цени поради отсекувањето на југоисточна Европа од остатокот од европскиот енергетски пазар“.

    Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) вчера соопштија дека ја информирале Европската енергетска заедница (ЕЕЗ) дека во дел од земјите на Југоисточна Европа се регистрираат „нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија“.

    Во официјално писмо упатено до директорот на ЕЕЗ, Артур Лорковски двете македонски институции бараат да се мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои постои голема нерамнотежа на цената на струја од земја до земја.

    • Почнувајќи од крајот на јуни 2024 година, а особено во јули и август, цените на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа се значително повисоки од цените во останатиот дел од Европа. Просечните цени на пазарите ден однапред во јули 2024 година се движат од околу 159 евра за мегават час во Албанија, додека во Франција се околу 46 евра за мегават час. Најзабележливи ценовни отстапувања во овој период се регистрирани во Албанија и Романија, како и во други земји од регионот, се вели во дописот испратен до ЕЕЗ.
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 8 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 12 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 16 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 19 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 21 час

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 23 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена