Гостивар
Аутизмот зборува, институциите повеќе да се ангажираат – порака од Гостивар

Институциите повеќе да се ангажираат за децата со аутизам, за нивна социјализација и вклопување во општеството, порачаа учесниците на панел дискусијата што се организираше денес во Гостивар, по повод 2 април, Светскиот ден на аутизмот.
Настанот се одржа во новоотворениот Центар на здружението на деца и лица со посебни потреби „Заедно можеме“.
„Ние се наоѓаме денес во една невладина организација и можам да кажам дека невладините организации го прават тоа што владините институции го заборавија. Овде сме да ја подигнеме свеста, прво на самото општество, а и на сите семејства кои имаат деца со посебни потреби, дека тие да бидат дел од целото општество, да бидат со другите врсници и пријатели. Само на таков начин можеме без никакви предрасуди да им помогнеме на тие смеесјтва.“, изјави Али Муслиу, универзитетски професор.
Претседателот на „Заедно можеме“, Шпенди Салија истакна дека во здружението имаат деца со аутизам, ги разбираат нивните потреби, но дека е неопходна поголема поддшка од целото опшптество.
„Ние што и самите сме родители на деца со попречености, ги разбираме потребите на тие семејства и дечиња. Сите тие се дел од општеството и треба да бидат прифатени како еднакви. Немам некоја голема замерка во тој поглед, што се однесува до нашиот град, но мислам дека општеството може да направи многу повеќе“, рече Салија.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо