Македонија
Август или септември можен крај на ковид пандемијата во Македонија

Кон средината на јули ќе започне теренската вакцинација, со што целта е да се опфати поголем број на граѓани како и оние во руралните и непристапни средини, најави на вчерашната трибина „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“, министерот за здравство, Венко Филипче.
„Иако во моментов епидемиолошката состојба е стабилна и е се уште непознато зошто во некои земји се појавува бран на новодијагностицирани со новиот делта вирус, предвидувањата се дека доколку продолжи тренд на два репродуктивни циклуси од по 14 дена без новодијагностицирани случаи, кај нас ќе може да се утврди крај на пандемијата. Во надеж сме дека ова може да се случи кон крајот на месец август или почеток на септември.“, рече министерот.
На трибината учествуваа и претседателката на Комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог и д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика.
„Јавното здравје го штитиме со што помасовна вакцинација. Нема друга опција, затоа треба што помасовно да се опфати населението летово и да се вакцинира и ревакцинира. Природниот имунитет и имунитетот што се развива од вакцинацијата штити од индискиот вирус. Неважно е дали некој ќе се вакцинира со вакцина која има 60%, 70% ефикасност или е со ефикасност од 95%. Ако се постигне масовноста во вакцинирањето, ќе добиеме намалување на колективен ризик, а тогаш веќе пропорционално опаѓа и индивидуалниот ризик па тотално е неважно со која вакцина сте вакцинирани“, нагласи д-р Даниловски.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар