Македонија
АВМУ: Неприфатливо е да се повикуваат новинари на информативни разговори за написи од јавен интерес

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) преку соопштение го осудува повикувањето на новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст и истакнува дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на медиумите.
Апсолутно е неприфатливо, посочуваат од Агенцијата, да се повикуваат новинари на информативни разговори за објавени написи од јавен интерес, бидејќи можат да бидат протолкувани како обид за заплашување, што пак придонесува за појава на самоцензура.
Ваквите случаи негативно се одразуваат врз слободата на информирање. Секој којшто смета дека одреден медиум му го нарушил угледот и честа со објавување нецелосни, непроверени или неточни информации, има право да побара од медиумот објавување на демант, одговор и исправка, или да поднесе претставка до саморегулаторните тела за медиуми, истакнуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022