Вести
Автобус прегази маж на автопатот Гостивар-Тетово

Педесет и две годишно машко лице го загуби животот, во сообраќајна несреќа која се случила вечерва на автопатот Гостивар-Тетово. Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила на еден километар од гостиварската наплатна рампа, близу дебрешкиот надвозник. Во неа учествувал автобус со гостиварска регистрација што го управувал 50 годишен жител на Долна Бањица, кој се движел од Гостивар кон Тетово и 52 годишниот маж од Форино, како пешак.
Набрзо после сообраќајката, на местото пристигнала екипа на Брза помош, но лекарите констатирале смрт кај прегазеното лице. Во тек е увид со учество на Јавен обвинител и екипи на полицијата. Ќе се утврдува причината и околностите под кои дошло до фаталната несреќа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден