Поврзи се со нас

Гостивар

Автобуските несреќи во Ласкарци и Бугарија немаат епилог зашто судството е контролирано, реагира АА

Објавено

на

Истрагите за автобуските несреќи на „Дурмо турс“ во Ласкарци и на „Беса транс“ во Бугарија не добиваат епилог поради судството контролирано не само од политиката, туку и од групи кои имаат интереси, смета партијата Алијанса за Албанците.

Нивниот пратеник Аднан Незири на прес-конференција во Собранието рече дека  целата јавност денеска била сведок на скандалозна постапка  на судот.

-Денеска уште еднаш настрадаа семејствата на загинатите во трагедијата во Ласкарци со откажување на седницата со најбанално оправдување дека не е извршено супервештачење. Алијанса за Албанците оценува дека супервештачењето е измислено токму за оваа цел – да се одложат рочиштата и да се заштитат одговорните за трагедијата и сите неправилности поврзани со овој случај, рече Незири.

Посочувајќи дека вчера беше навршена една година и од трагедијата со автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, пратеникот во име на Алијанса за Албанците апелираше до органите на правдата да стават крај, како што рече, „на исмејувањето  со жртвите и нивните семејства“.

-Овие скандалозни случаи го прават неопходен ветингот и радикалните реформи во судството, обвинителството и во други органи на државниот систем, додаде Незири.

На новинарско прашање околу преговорите на Алијанса за Албанците за влез во Владата,  тој одговори дека од в.д. претседателот на неговата партија има извештај дека за тоа прашање не е разговарано и доколку има новини, рече, медиумите ќе бидат информирани.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Македонијапред 4 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Гостиварпред 4 недели

Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот

Македонијапред 2 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена