Гостивар
Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Денеска, во 04:15 часот, во Полициската станица Гостивар била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар – село Беловиште. Според пријавата, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Ј.Ј. од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река.
Во несреќата, возачот Ј.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник, 52-годишниот А.Ф. од Гостивар, поминал со полесни телесни повреди. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде што двајцата биле префрлени веднаш по несреќата.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата е извршен од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос