Гостивар
Автомобил удрил во 5 годишно девојче на улица во Гостивар
Петгодишно девојче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Гостивар. Како што информира Секторот за внатрешни работи, вчера околу 11 часот на улица „Живко Брајковски“ , патничко возило „Шкода октавија“ со охридски регистарски таблици, управувано од 48-годишниот стружанец В.Н, удрило во 5-годишно девојче кое се движело како пешак. Девојчето било во придружба на родител.
Повреденото девојче со медицинско возило било пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата соопшти дека бил извршен комплетен увид и се утврдува причината за сообраќајната несреќа, околностите во кои се случила и друго. Воедно упати апел за поголема внимателност на пешаците додека се движат и преминуваат улица, да се држат до правилата, да не претрчуваат од било каде, туку да преминуваат на пешачки. До возачите се апелира да ги почитуваат сообраќајните прописи и правила и да не ја загрозуваат безбедноста на пешаците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар